HACA тврди дека во нашата галаксиja има најмалку 300 милиони планети на кои има живот

Можеби не сме сами во “Млечниот пат”, а потенцијално постојат најмалку 300 милиони планети на кои има услови за живот, тврди НАСА.

Вселенскиот телескоп Кеплер успешно лоцираше над 1000 егзопланети во нашата галаксија, пред да остане без гориво во 2018 година.

Меѓутоа, останува прашањето колку од тие планети имаат услови за живот, пренесува СиЕнЕн.

Астрофизичарите собираа податоци од Кеплер со години и веруваат дека го пронашле одговорот, а според истражувањата кои се појавија во Астрономскиот журнал, во Млечниот пат постојат над 300 милиони потенцијално населиви планети, што значи дека станува збор за цврсти планети на кои има вода.

Тоа би можело да биде груба проценка, а не е невозможно да постојат и многу повеќе од 300 милиони планети со услови за живот, соопштуваат од НАСА во најновиот билтен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.