Haпаѓачот на Бислимоски итно најден, заканyвачот на Јовчески го бараат две недели?

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, доцна синоќа физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, објави Дојче веле.

-Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ. – информираат од МВР.

И додека МВР експресно го реши овој случај, за лицето кое јавно му се закануваше на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, им требаше цели две недели.

Иако заканите беа упатени на 19.09., а Јовчески пријавата ја поднесе веќе наредниот ден, на МВР им беа потребни цели 15 дена за да утврдат за кое лице станува збор и да поднесат кривична пријава.

Дури во текот на вчерашниот ден во дневниот билтен на настани беше објавено дека МВР поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста’, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.

Во првиот случај се вели дека со пријавениот бил обавен разговор, што изостанува во вториот случај кој предизвика бранување на јавноста и згрозеност кај граѓаните на Прилеп.

Дали тоа значи дека МВР се уште го нема пронајдено пријавеното лице Р.Т.?

Инаку споменатото лице пред две недели јавно преку својот ФБ профил упати закани кон семејството на Д-р Борче Јовчески, настан кој ја згрози јавноста и предизвика голем интерес во медиумите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.