Haвивaчи на Ливерпул намecто во Генк отишле во Гент, па го пpoпyштиле натпреварот од Лига на шампиони, сепак им се случи нешто убаво

Двајца навивачи на Ливерпул не успеаја да присуствуваат на гостувањето во Лигата на шампионите против Генк (4:1) поради сопствената грешка.

Според пишувањата на белгиските медиуми, Британците наместо во Генк отишле во Гент. Тие ја сфатија својата грешка само половина час пред почетокот на натпреварот.

„Изгубените“ навивачи пронајдоа ирски паб и го гледаа натпреварот на телевизија. Тие потрошија 150 евра на воз и 70 евра на билети.

Откако информациите за овој случај се појавија во медиумите, Гент ги покани овие навивачи на натпревар со Волфсбург во Лигата на Европа, што ќе се одигра денеска, објави клубот на Твитер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.