Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19 и 267/20), Министерството за внатрешни работи, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на 33 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време и тоа за следните работни места:
I.1. Готвач во Центар за обука– 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
2. Столар – Водоинсталатер во Центар за обука – 1 извршител со завршено КВ или средно образование во областа без работно искуство;
3.Одржувач на парно греење во Центар за обука – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
4.Автомеханичар во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Велес во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
5. Автомеханичар во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Струмица во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
6. Автомеханичар во Единица за брзо распоредување во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
7.Општ работник (со седиште во Скопје) – 4 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;
8. Општ работник во објект Пониква – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;
9.Келнер (со седиште во Скопје) – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
10.Келнер во објект Охрид – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
11.Келнер во објект Крани – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;
12.Садоперка во објект Крани – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;
13.Садоперка во Центар за обука – 4 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;
14.Садоперка (со седиште во Скопје) – 2 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;
15.Собарица хигиеничар во објект Пониква – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;
16. Собарица хигиеничар во објект Охрид – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;
17. Помошник готвач во ЕБР– 4 извршители со завршено средно образование без работно искуство;
18. Хаус мајстор во објект Пониква – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;
19. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Штип во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
20. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Охрид во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;
21. Шанкер-сервисер во Центар за обука – 3 извршители со завршено ВКВ или средно угостителско образование.
Повеќе детали за огласите погледнете ТУКА