Напиток кој ги согорува килограмите додека вие седите и читате книга? Да и тоа е можно ако се охрабрите и ги искористите лековитите својства на медот и циметот.
Иако добро сте запознаени со позитивните ефекти на овие намирници, сепак мал е бројот на оние кои знаат дека комбинацијата на овие две состојки го забрзува метаболизмот и помага при намалувањето на вишокот килограми.
За подготовка на овој напиток ви се потребни две лажици мед и една лажица цимет и 250 мл вода.
Количината може да се менува доколку сакате да подготвите наеднаш подолема количина, но секогаш мерката треба 2:1 мед/цимет.
Подгответе онолку напиток колку што сметате дека ви е потребно. За почеток зовријте ја водата која ќе ја прелиете преку циметот, па почекајте да се олади и додадете го медот.
Медот додадете го откако напитокот ќе се олади, бидејќи во спротивно ќе ги уништите неговите хранливи и лековити дејства.
Едната половина од напитокот испијте ја пред спиење, а другата половина пред појадокот. И тоа е се! Имајте на ум дека напитокот делува само на празен стомак.