По 10 месеци чекање, фановите на легендарната серија “Game of Thrones” се израдуваа кога HBO пред два дена, на видео во живо на Фејсбук, го откри датумот на кој серијата ќе се врати на малите екрани.
Во еден момент видеото прекина а потоа повторно продолжи. Иако не одеше се според планот, фановите на крајот го добија она што го бараа. Седмата сезона “Game of Thrones” пристигнува на 16 јули на малите екрани.
Извршните продуценти открија дека до крајот на приказната имаат од прилика 13 епизоди.
Ф.Г.