Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.
Нов почеток
GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока – Почетокот. Тој симболизира создавање, раѓање, каписла и револуција. Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската сцена за развивање игри. Како сеуште не доволно истражен предел на креативност и талент, Македонија има огромен потенцијал, а GDR25 е дизајнирана на студентите, младите креативци и професионалците, да им обезбеди мотивација, насоки, контакти, па дури и самодоверба за да се впуштат и напредуваат во индустрија за развивање игри.
Што да очекувате на GDR25
- Врвни говорници и спикери: Светски лидери кои ја обликуваат иднината на игрите ќе одржат keynote предавања, fireside chat и Ask-me-Anything сесии.
- Indie Zone Showcase: Повеќе од 30 инди студија ќе ги претстават своите проекти, нудејќи преглед на следниот бран на креативци.
- Развој и имплементација на екосистемот: Панели и работилници посветени на продукција, раст на екосистемот и бизнисот на развивање игри.
- Вмрежување и VIP настани: Специјално курирани случувања за поврзување и соработка меѓу „главните играчи“ во индустријата, партнерите и посетителите.
- Заедница и култура: Од разновидна храна до голема забава, GDR25 ветува живописна мешавина од култура и дружење.
Билети и можности за партнерство
Билетите се веќе достапни во три категории:
- Standard Pass – 20 €
- VIP Pass – 60 €
- Student Pass – 10 €
Дополнително, општествено одговорните компании имаат можност да купат студентски билети по намалена цена и да ги донираат на образовни институции. Со тоа не само што ја поддржуваат следната генерација на девелопери на игри, туку добиваат и статус – партнери на GDR25.
Платформа за раст и соработка
Конференцијата очекува 250–300 учесници низ различните траки и активности, создавајќи уникатно место за средба на локални и меѓународни девелопери. GDR 2025 е поддржана од Асоцијацијата на македонската индустрија за развивање на игри (MGI), независни студија, QA партнери, Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како и организации посветени на развој на дигиталната креативност.
Приклучи се кон револуцијата
Game Dev Rev не е само конференција – тоа е почеток на движење што има цел да ја постави Македонија на глобалната мапа на развивање игри.
За повеќе информации и за купување билети посетете: www.gamedevrev.com
Контакт: [email protected]