future in capital letters..

фотографија: Шлакески Маринко

„ДРЖАВНА БОЛНИЦА“ (2010) – Маринко Шлакески (драмски текст – извадок)

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Сега сме два два.. Ќе не истребат… Ќе не истребат сите до еден.

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Па и не останавме многу. Понекогаш мислам дека можеби и подобро е да нè нема вакви какви што сме сега. Ќе исчезнеме па што, голема работа.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Тоа за тебе е само „голема работа“?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: А за тебе што е?

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: За мене не е исто.

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Што не е исто за тебе.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Не е исто да нè претворат во празни кутии без мозок како овие двајца овде. Ги гледаш?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: (се загледува во двајцата изврзани со завои) Мене не ми прави голема разлика. Мислам дека дури вака е и подобро, знаеш? (продолжува да брои капки)

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Не нè истребуваат, ова е пострашно. Нè претвораат во друго. Те има ама не си ти.

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Ништо страшно. Исто е.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: За мене не е. Види ги! (покажува кон првиот и четвртиот) Што е ова?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Вака барем нема да морам да го слушам. Морализира и јаде гомна.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Не беше лош човек, сепак. Барем беше човек. Ова сега не знам ни што е. Сега сме „ние“ и „тие“. Не мислиш дека треба нешто да се прави?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Остави ме… бројам. (продолжува да ги брои капките)
(во собата се втурнува сестрата)

СЕСТРАТА
Прозивка!

„ДРЖАВНА БОЛНИЦА“ (2010) – Маринко Шлакески
(извадок)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.