“Freedom House”: Македонија останува хибриден режим. Владата реди нови “успеси”!

Македонија и натаму останува хибриден режим. Според извештајот на Фридом Хаус во земјава индексот на демократија е зголемен од 3,75 на 3,82 што е на нивото на Црна Гора. Послави од нас се само Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Најдобро со 4,5 стои Бугарија, Србија има оценка 3,96.

Сепак, и покрај демократскиот “напредок”, земјава и натаму е рангирана во групата на „преодни или хибридни режими“. Во категоријата „преодни или хибридни режими“ се опфатени изборни демократии каде демократските институции се кревки и постојат значителни предизвици за заштита на политичките права и граѓанските слободи.

Фридом хаус забележува дека државите од целиот регион се одвраќаат од демократијата или се наоѓаат заробени во циклусот на назадувања и делумни закрепнувања. Во извештајот „Нации во транзиција во 2021 година“, што ги опфаќа настаните од 2020 година, вкупно 18 земји бележат пад на индексот на демократија, само шест имаат напредок, а во пет држави состојбата останала непроменета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.