Facebook ја воведе новата опција Messenger Camera која ќе им овозможи на корисниците да разменуваат фотографии со текст, стикери, илустрирани рамки или анимирани ефекти. Опцијата наскоро ќе стане достапна за корисниците на iOS и на Android платформите.
Messenger Camera праќањето на фотките и видеата треба да го направи поедноставно и позабавно, а според многумина Facebook идејата ја копирал од Snapchat. Клучната разлика е што во однос на Snapchat, кога ќе пратите фотки преку новата апликација на Facebook, тие нема автоматски да се избришат по извесен период.
Сличностите со Snapchat се бројни, а Facebook веќе беше мета на критики, поради воведувањето на слични опции во својата друга популарна апликација – Instagram.
Messenger Camera вклучува и ефекти за разубавување на фотографиите, а интересно е дека Snapchat минатата недела ја отстрани таквата функција од својата апликација.