Eфтимов: Владата не презема ништо, производство на храна ќе биде предизвик за идните генерации

(Фејсбук статус на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Дајанчо Ефтимов)

“Проблемите во земјоделството речиси станаа традиционална тема во овој период од годината. Годинава, за жал, може да се рече дека темата како да се маргинализира среде вонредната состојба поради пандемијата со вирусот Ковид 19.

Земјоделието учествува со сериозен импакт во бруто домашниот производ на Република Македонија.
Кумулативно преку поврзаност со преработувачката индустрија и извозот добива големо значење за стопанскиот живот на нашата нацијата.

Од моќната Влада во вонредната состојба досега не видовме ниту една уредба со законска сила во делот на земјоделието иако претходно многумина декларативно се залагаа за земјоделците.

Се стекнува впечаток дека земјоделието не е актуелно иако сега е крајот од откупот на ланската реколта на тутунот и склучување на договори за новата реколта, сточарите со понудата на квалитетното македонско јагне кое тешко се продава и тоа по не рентабилната цена и, конечно на прагот сме на пролетната сезона за раноградинарите која започна со релативно негативен тренд кој од ден на ден се влошува и ако не се превземе час поскоро некоја мерка пролетната зелка ќе остане во пластениците и оранжериите.

За жал сето тоа се констатира во време на растечка побарувачка на храна во земјава и во светот, имајќи го во предвид инашето приближување до ЕУ.

Штетата на земјоделците кои може да се предвидат во југоистокот може да бидат огромни и, да нема враќање назад.
Од земјоделски регион ќе станеме регион каде производство на храна ќе биде предизвик за идните генерации., напиша Ефтимов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.