Наполи и Удинезе денес одиграа супер интересен натпревар во кој Елмас постигна гол и забележa асистенција, а погодок постигна и Несторовски.
Прилепчанецот влезе од клупата за резерви во 71. минута, а осум минути подоцна успеа да ја смести топката зад грбот на голманот на лидерот во Серија А. Во тие моменти Наполи водеше со 3:0, а Нестор ја најави неизвесноста. До крајот на натпреварот за тимот од Удине погоди и Самарџиќ, но тоа беше недоволно за да се стави крај на победничката серија на наполитанците.
За Несторовски ова беше прв гол во Серија А сезонава.
По натпреварот двајцата направија и заедничко селфи од соблекувалната.