“Eкспрес.мк”: Aлијанса добива 3 министри, 2 заменици и 25 директори – еве во кои ресори

Алијанса за Албанците која срамежливо преговара за влез во владата добива челни позиции во три владини ресори, министерствата за правда, животна средина и здравство, тврдат партиски извори – објави “Експрес.мк”

Дополнително Таравари треба да добие и двајца заменици министри за транспорт и врски, и за култура.

Во игра се и 25 директорски места во разни државни Управи и агенции, меѓу кои:
МЕПСО, ПИОМ, АД Железници, Управа за матични книги, Агенција за странски инвестиции, директор на Инфективна клиника, директор на клиниката за офтамологија, директор на Управата за заштита на културното наследство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и директор на Државниот просветен инспекторат, директор на Агенција за млади и спорт, директор на Македонски шуми и други. Во дипломатијата на Алијанса И се нудат две амбасадорски места, од кои едното испразнетото место е Берлин.

Во институциите што би ги раководела и во други Алијанса ќе може да вработи стотици свои партиски членови.

Се преговара и за одредена позиција што Алијанса би ја добила и во МВР, како некое место на помошник министер и началник на некој сектор во вториот ешалон, тврдат добро информирани партиски извори.

Влезот на АА треба да се случи по конгресот закажан за 17 декември кога Таравари сака да расчисти со противниците за влез во владата кои тврдат дека партијата не смее да стане привезок на ДУИ.

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.