Експертот на Светската здравствена организација (СЗО), Дејвид Набаро, вели дека луѓето ширум светот ќе мораат да се прилагодат и да научат да живеат во новата реалност, со оглед на тоа дека коронавиpycoт веројатно ќе го има уште извесно време.
Набаро вели дека луѓето ќе мора да се штитат, односно да носат маски, да бидат на дистанца и да ги штитат ранливите категории граѓани.
“Виpycoт нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои веќе го имале ќе станат имуни после него, а не знаеме и тоа кога ќе има вакција”, вели докторот Набаро за “Би-Би-Си”.