“Eвротип”, “Голд Слот” и “Голд Фелициа” ги израдуваа дечињата со попpeченост во Дневниот центар во Кичево

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите три фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, им донираа новогодишни пакетчиња на децата од дневниот центар за лица со поcебни потреби во Кичево – информираат од ПР службата на трите компании.

“Традицијата за донирање во оваа установа ја продолжуваме и оваа година. Во 2019 година им дониравме специјална компјутерска столица за нивните секојдневни потреби.” – изјави Томас Јованоски, менаџер на Евротип и Голд Слот клубовите во Кичево.

Во Кичевскиот дневен центар секојдневни активности имаат 20 деца со попреченост.

Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе. Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа и понатаму ќе ја продолжат својата мисија и општествена одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.