Eве што се случува во вашето тело кога не јадете месо

Диететичарката и нутриционистка Рејчел Хокинс вели дека е многу важно пред да станете вегетаријанец, да ги имате сите потребни информации за нутриентите и витамините.

Таа вели дека при преминувањето на вегетаријанска исхрана најголема грижа треба да ви претставуваат следните четири нутриенти:

Железо

Витамин Б12

Калциум

Омега-3 масни киселини

Ако се намали внесот на овие нутриенти, со време може сериозно да се загрози здравјето, вели нутриционистката.

Време за привикнување

Планирањето е клучно при преминувањето на вегетаријански режим на исхрана. Нутриционистката Хокинс предлага постепено да престанувате да јадете месо и производи од месо, за тој премин да биде полесен.

Веганската исхрана е многу покомплексна од тоа едноставно да почнете да јадете храна на растителна основа. Тоа бара планирање и дисцилина во многу друштвени ситуации посебно кога станува збор за одење во ресторан или на некои друштвени собири, објаснува таа.

Здравје на цревата

Хокинс вели дека никако не треба да го запоставите здравјето на цревата кога ќе престанете да јадете месо. Вегетаријанската исхрана е по природа побогата со влакна.

Наглото зголемување на внесувањето на влакна може да доведе до иритација на цревата, до надуеност, гасови или констипација, па би било најдобро внесувањето на намирници на растителна база постепено да се зголемува. Исто така, не заборавајте да пиете доста вода за да ги ублажите потенцијалните спорни ефекти – советува таа.

Добри страни на вегетаријанската исхрана

Нутриционистлата вели дека ако полека се премине на овој режим на исхрана, тоа може да има добри ефекти на здравјето – намалување на крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви болести и дјабетес тип 2, благодарение на тоа што е исхраната богата со овошје, зеленчук, житарки и мала количина заситени масти.

Овошјето и зеленчукот имаат малку калории, а содржат доста влакна, витамини и минерали, што помага во одржувањето на здрава телесна тежина, намалување на рвниот притисок и намалување на холестеролот.

Исто така, содржат антиоксиданси и фитохемикалии кои се познати по своите антивоспалителни својства – вели нутриционистката Хокинс, откривајќи дека тоа штити од болести кои се поврзуваат со воспаленијата од типот на ревматоиден артритис.

Хокинс нагласува дека тоа не значи дека вегетаријанската исхрана е подобра од исхраната во кое се консумира и месо, затоа што сѐ уште немало истражувања кои би го докажале тоа. Исто така, прашање е колку време би требало да помине од преминувањето на ваква исхрана за личноста која го направила ова да почне да ги чувствува овие бенефити.

Таа истакнува дека можеби најдобра опција е едноставно да ја намалите количината на обработена храна која ја јадете, а да јадете повеќе намирници на растителна база.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.