Eве што се’ најави Мицкоски дека ќе се реализира во првите 100 дена од новата Влада

Мандатарот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ еден од основните столбови е реалоцирање на средства од централаниот буџет кон буџетите на општините, а во септември ќе биде првото нивелирање на пензиите. Мицкоски исто така најави дека првиот ребаланс на државниот Буџет ќе биде во втората половина на јули, како и огромен проект во енергетиката, две нови инвестиции и проширување на две други во првите сто дена од владата.

-Целта на оваа наша активност е да ја доближиме работата на Владата со што е можно поголем број домаќинства, преку реализирање на проекти коишто се од огромно значење на граѓаните како што се нови булевари и улици, канализациски системи, и 20 проценти од територијата или од потребите на граѓаните не е поврзано со канализација. Потоа вода за пиење онаму каде што е потребно нови градинки, нови училшта, паркови итн, рече Мицкоски.

Цениме, истакна мандатарот, дека со оваа политика ќе успееме во овој прв мандат да дојдеме до најмалку 300 илјади домаќинства.

-Тоа се да 250 милиони евра годишно реалоцирани средства од буџетот кон општините. А после ребалансот којшто ќе се случи во втората половина на јули оваа година половина од таа сума да биде реалоцирана. Тоа е практично 125 милиона евра. Таму некаде прва половина на септември месец да биде објавен јавниот повик до сите општини да достават проекти коишто ќе бидат веднаш во можност да бидат реализирани. Тоа подразбира проект реализиран, проект одобрение за градба, се разбира, или одобрение за реконструкција онаму каде што е потребно. И веднаш на посебна сметка тие пари да бидат пренесени, веднаш тендерирани да ја фатима есенската градежна сезона колку побргу можеме тоа да го направиме, рече Мицкоски.

Најави дека лично ќе го мониторира реализирањето на овој проект.

-Тоа е една милијарда за реалните потреби на граѓаните. Нас граѓаните не гласаа. Ние мора на граѓаните да им се одолжиме. Но исто така во септември очекуваме да биде првото нивелирање на пензиите. Ние рековме во првата година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите на пензионерите. Тој процес го почнуваме сега во септември, го завршуваме на следното нивелирање во март. Значи побргу од една година, тоа ќе биде, рече Мицкоски.

Мандатарот исто така најави, како што кажа, огромен инвестициски проект во делот на енергетиката.

-Никогаш до сега немало во регионот, не зборувам во Македонија. Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на две веќе присутни странски инвестиции овде во Македонија во првите сто дена. Очекувајте многу убави позитивни работи нешто коешто граѓаните го очекуваат. Тоа ќе биде мој личен фокус и моја заложба и моја инспирација како како прв човек во Владата да работам, рече Мицкоски.

Идниот премиер вели дека и кај потенцијалните коалициски партнери гледа дека таму инспирацијата и храборста не недостасува.

-Сакаме да функционираме како едно да се посветиме целосно на граѓаните. Ние сме слуги на граѓаните. Секој оној којшто мисли дека е над таа состојба, ќе го изгуби тлото по днозе. Верувате дека лично ќе се занимавам со тој, без разлика дали доаѓа од редовите или таа, дали доаѓа од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија или некој од потенцијалните коалициони партнери, рече Мицкоски по доделувањето на мандатот во Вила Водно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.