Спортист на годината на Македонија и Прилеп во 2019 година, освојувач на петтото место на Европското првенство во Гвадалахара, голем број други индивидуални и во тим ката успеси, а сега и претставник на Македонија и прилепчани на Олимпијадата во Токио.
Пулексенија Јованоска е надежта за македонското карате и со право се надеваме на голем успех на Олимписките игри.
Јованоска доби вајлд-карта од Меѓународниот олимписки комитет и стана дел од осумтемина македонски спортисти кои ќе настапат во Токио.
Таа на татамите ќе се појави на 05. август, во 3 часот по полноќ, а според најавите од Македонската радио телевизија, македонската јавност најверојано ќе има можност да го проследи нејзиниот настап.
Да ја бодриме и да и посакаме успех.