Тутунарите од Прилеп и прилепско започнаа со пријавување на вишокот на тутун, откако на вчерашната средба на тутунарите, откупувачите и министерот за земјоделие Аријанит Хоџа, беше договорено после 15 февруари да биде откупен и вишокот на тутун кој не влегува во договорите на производителите.
Вишокот на произведен тутун, тутунарите можат да го пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и кај поверениците директно на откупните пунктови.
За пријавување на вишок тутун на тутунарите им е потребно: ИДБР – идентификациски број од земјоделското стопанство, име и презиме од тутунарот, телефон за контакт и количина на вишокот на тутун.