ЖАЛНО! Eве како изгледа денеска прилепското вештачко езеро (ФОТО/ВИДЕО)

Фотографијата за состојбата на најголемата вештачка прилепска хидроакумулација говори сама за себе, испратена до редакцијата на “Радио Пела” од излетници, кои денешниот неработен ден го искористиле за мала прошетка.

За моменталната состојба на прилепското вештачко езеро пресудете сами, бара ли е, езеро ли е?! – пишуваа од “Радио Пела”.

Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 год. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 m. Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 m3 вода.

A eве и каков егзодус на рибите е извршен поради испустот на водата:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.