Eве како да присуствувате на протестот организиран од МПЦ во четврток: Обезбеден бесплатен превоз од Прилеп!

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција кои според црквата се против интересите на македонските граѓани – истакна во јавно обраќање Поглаварот Г.Г. Стефан.

МПЦ-ОА забележува што во предложените закони ниле упати на низа забелешки за спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид од страна на власта.

Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата поради што Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Од прилепското свештенство упатија повик до сите верници и граѓани кои сакаат да присуствуваат на протестот да се пријават во црковните храмови во Прилеп.

-Почитувани верници од Прилеп и прилепско. По повикот на МПЦ за мирен протест против Законот за родова еднаквост и измените во Законот за матична евиденција, кој ќе се оддржи на 29.06.2023 година, ве известуваме дека ќе има бесплатен организиран превоз од Прилеп со поаѓање во 15.30 часот од пред Дом на културата Марко Цепенков.
Со вас може да понесете икони или транспаренти кои нема да содржат говор на омраза. Нека не води љубовта кон Бога!
Пријавување во храмовите во Прилеп: Со име, презиме и ваш контакт, најдоцна до 27.06.2023 -вторник до 10:00 часот –
стои во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.