При реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев, на површина излезе квалитетот на социјалистичката градба.
Имено, нумерички изразено се гледа дека стандардите за дебелината на асфалтната постилка биле мошне високи. Сликата покажува дека асфалтот не можел да ,,мрдне,, со дебелина под минимум 14 см.
Овие критерими би требало да се почитуваат денес. Не е за верување дека се сметнати, но можно е да се пораснати.
Но, факт е дека и по четири децении силна експлоатација на асфалтните булеварски ленти и со многугодишно движење на тешки товарни возила со над 40 тони, булеварот е во добра сообраќајна кондиција.
Издржливоста, квалитетната градба, ,,наѕирани,, од реален надзор, очигледно биле носечки мерила за утврдување на референците на градителите пред 40 години.
Како и да е, се надеваме дека и сегашните интервенции ќе ги следат во најмала рака старите стандарди за долготрајно користење на сообраќајната вена на градот.
Извор: “Неделник Зенит”