EКСПЛОЗИЈА ОД ЕМОЦИИ ВО МИНХЕН: Алонсо и Лам испратени во пензија (ФОТО)

Двајцата извонредни фудбалери го одиграа последниот меч во кариерата.

1234

Последното коло во Бундес лигата за сезоната 2016/2017 ќе биде запомнето по прославата на шампионската титула на фудбалерите на Баерн Минхен, но подеднакво ист ќе остане впечатокот и  на збогувањето со професионалниот фудбал на едни од најдобрите играчи на Баерн, Филип Лап (33) и Чаби Алонсо (35).

Германецот и Шпанецот се испратени во пензија како што доликува, на величенствен начин, со букети и песна, од навивачите и од клубот, кои им приредија опростување за паметење.

Двајцата беа во првиот тим против Фрајбург, за пред крајот на мечот, едениот па другиот, во период од неколку минути да го напуштат мечот со овации на целата “Алианц Арена”.

За какви играчи се работи, најдобро говорат бројот на трофеи кои ги освоиле во својата кариера – 39 на број!

Двајцата беа светски шампони со своите репрезентации, освојувачи на Лигата на шампиони…

22

23

24

25

26

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.