Eypoкомпозит забopaвен, а министepката вика кој може нека дониpa пapи на Владата за да ја пoбeдимe кopoната

Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против COVID со своја донација, напипа министерката Нина Ангеловска на Фејсбук.

-Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни! До сега на донаторските сметки во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и во Солидарниот COVID фонд во Влада на Република Северна Македонија се донирани над 200 милиони денари. www.solidarnost.gov.mk е платформа за донации за помош во надминување на CoVid-19 кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia. Може да се донира со платежна картичка . А сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Ангеловска додаде дека донираните средства се користат за справување со COVID и тоа:

-за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со COVID и
-за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.

За потсетување Македонија само за три дена на крајот од мај се задолжи за 860 милиони евра, од кои 700 милиони евра од еврообрзница, а 160 милиони од ЕУ.

Истовремено вработените во прилепскиот загубар “Еурокомпозит” мака мачат да ја пребродат кризната состојба, оставени без денар…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.