Ги одбројуваме последните денови до најголемото музичко случување во годината во Македонија. “Пиво Фест” одново ќе собере илјадници, илјадници посетители кои ќе уживаат во вкусна скара и добро пиво.
Фестивалот во Прилеп започнува на 13-ти јули и ќе трае до 16-ти јули, а први кои ќе настапат на секогаш блескавата сцена се домашната група “Еye Cue”.
Тие преку видео порака ги канат сите љубители на фестивалот да дојдат и заедно да се забавуваат на првата фестивалска вечер.
А/Г/