Долгогодишниот член на Јувентус, Клаудио Маркисио спред пишувањата на италијанските медиуми пронајде нов клуб. Од наредната сезона тој ќе го носи дресот на Монако.
Според она што се пишува, Маркисио се наоѓа во Монте Карло, каде ќе потпише договор со Монако, откако спогодбено го раскина договорот со гигантот од Торино.
Маркисио за Јувентус одигра 273 натпревари во кои постигна 33 погодоци, а во кариерата го носеше уште дресот на Емполи, една сезона како позајмен играч.
IL Principino во Монако според некои тврдења ќе зема плата во висина од 3 милиони евра.
Tutte le piste estere per #Marchisio: #Monaco in pole, c'è anche il #Sivigliahttps://t.co/6wHXh7zI3Y
— calciomercato.it (@calciomercatoit) August 20, 2018