Движењето “Бојкотирам” за денеска со почеток од 18:00 часот организира голем народен протест против гласањето на уставните измени за промена на државното име.
За таа цел од движењето организираа превоз за сите заинтересирани од сите градови и населени места во државата.
Според она што го дознаваме полицијата врши засилена контрола на автобусите на третата патарина на влезот од Скопје.
Од движењето “Бојкотирам” очекуваат масовна излезенот на протестот.