На јавноста не и е познато дека тогашниот претседател на “Демократската странка”, Зоран Џинџиќ, на 28 јуни 1994 година му упатил честитка на генералот Ратко Младиќ во кое му го честита “Денот на војската”, но и ги величи неговите дела, ексклузивно дознава порталот Espreso.rs.
Судејќи по она што стои во честитката, се гледа дека Зоран Џинџиќ бил голем поддржувач на генералот Младиќ и војската која тој ја предводел.
Хашкиот трибунал ја објави во средата првостепената пресуда за некогашниот врховен командант на војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, со која тој се обвинува за “геноцид врз муслиманите и други воени злосторства”, при што беше осуден на доживотна казна затвор.
Ставот во јавноста во Србија по ова прашање е поделен, додека за едни тој е виновен, за други ова претставува антисрпска пресуда.
Она што не им е познато на поголемиот број луѓе е дека тогашниот претседател на ДС, Зоран Џинџиќ, на 28 јуни 1994 година му упатил честитка на генералот во која му го честита “Денот на војската”, но и ги величи неговите дела.
https://twitter.com/suslov_mihail/status/933337550722355201
-Почитуван г. генерале,
Во името на сите членови и Демократската партија, како и во мое лично име, на сите војници, подофицери и офицери, но и вам лично ви го честитам Денот на Војската на Република Српска.
Војската на Република Српска, создадена во војната за слобода е пример како една мала, но народна војска може успешно да ја зачува државата и да го заштити народот. Без оглед на мировните преговори, чиј успех сите го сакаме, нас ни е потребна силна војска, со цел другата страна да отстапи од намерата да ја продолжи војната.
Се надевам дека српскиот народ, како и Војската на Република Српска веќе следниот Видовден ќе го дочека во мир.
Со почит,
др. Зоран Џинџиќ
Судејќи по она што стои во честитката, се гледа дека Зоран Џинџиќ бил голем поддржувач на генералот Младиќ и војската која тој ја предводел. Тој се сложил со мировните преговори, но се залагал за силна српска војска со цел другата страна да отстапи од намерата да ја продолжи војната.
А/Г/