“На оваа 130-та седница, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење”, стои во извештајот на 130-та седница на Владата.
Информацијата денеска ја пренесоа повеќето медиуми во државата.
На Фејсбук страната од црквата Свето Благовештение (Стара црква) која е најстариот црковен храм во Прилеп, беше објавена фотографија од иконостасот на храмот кој е од непроценлива важност и вредност за културата во Македонија.
“Ех убавино наша, која го красиш храмот, градот Прилеп и Македонија. Ах ти убавино, да беше во Франција нашата македонска влада ќе одвоеше средства за да те конзервира. Ако ти паднеш, многу парижани низ солзи ќе раскажуваат за тебе”, пишува на страната.