Ефто Пупиноски еден од нашите најпопуларни фолк пејачи кој низ целиот Балкан се прослави со незаборавната “Лихнида кајче веслаше”, песната која на српски јазик ја испеа легендарниот Мики Јевремовиќ, и песна која Охрид го слави на свој начин, деновиве “без влакно на јазикот” отворено им се обрати на охриѓаните. Еве, што многу емотивно вели Ефто, а вие самите проценете (особено охриѓаните бидејки ним директно им се обраќа) дали е во право или не:
“САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ
Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.
Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете – добро.
Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично!
А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо.
А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро?
А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?
На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.
Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“.хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои”.