Перверзијата на новиот живот допрва се открива. Работи месец дена за да добиеш плата од 1 денар.
Во прилепскиот Еурокомпозит продолжува монструозниот однос на новиот директор кон вработените. Наместо целосна плата загарантирана со закон, а притоа загарантирана и од вицепремиерот Анѓушев, новиот директор исплаќа фиктивна плата од 1 денар.
Новиот живот дојде!
Претходно политичката партија ВМРО-ДПМНЕ информираа дека на вработените во компанијата им е забрането правото на штрајк, синдикатот е под закани и угнетуван, а вработените се оставени без здравствено осигурување.
Кон крајот на септември Анѓушев дојде во Прилеп, но само да се слика на отварањето на новата германска инвестиција во технолошко – инудстриската зона Алинци, која ја донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако го очекуваа, Анѓушев заборави да ги посети вработените во компанијата и да им објасни зошто доцнат платите кои им ги вети.
А/Г/