Eурокомпозитци: Заев на приватни винарии им ги простува долговите со буџетски средства, а не сака да го реши проблемот со државна компанија

На веќе агоничната потрага по правдата на работниците: сегашни, поранешни и пензионирани од загубарот „Еурокомпозит“, никако да и се стави крај. Тие денеска повторно излегоа на протест, барајќи од премиерот да го исполни даденото ветување и до крајот на месецов да им ги исплати отпремнините, како и заостанатите плати и придонеси – јавува дописникот од Прилеп за “Aлфа ТВ”, Каролина Дурло.

Револтот на овие луѓе е уште поголем и заради неодамнешната одлука на власта финансиски да им помогне на приватни компании, а додека нив, како државна фирма под капата на Владата, ги остава на милост и немилост.

Инаку, вчера по неколкумесечен застој, конечно им биле исплатени уште по 5.000 денари, од остатокот од отпремнините кои просечно изнесуваат околу 100.000 денари по работник, а од кои досега им беа исплатени само по 25.000 денари. Работниците велат дека ќе продолжат со протестите, бидејќи не им се доисплатени ниту платите, а ниту придонесите за 6,5 години.

Каролина Дурло за Алфа Телевизија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.