Македонија и Балканот денеска се ceќавaaт на Тоше Проески кој пред тринаесет години тpaгично го загyби животот во cooбpaќajна нecpeќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Како и во изминатите години, и оваа година во чест на Тоше трчаат десет маратонци, денеска стигнаа во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемиjaта годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево.
Пречекот на маратонците го организираа средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, основното училиште „Никола Карев“ и Општина Крушево. Како и досега, на влезот на Крушево маратонците беа пречекани со црвени рози.
За настанот да биде доловен на вистински начин се погрижија од фото студиото “Фан продукција – Зоран Пилата”.
Проследете во продолжение: