Ељиф Елмас испрати прекрасна порака до Горан Пандев, кој се пензионира и нема повеќе да игра во националниот дрес на Македонија.
Младиот талент на социјалните мрежи го поздрави капитенот со зборовите: „Нема зборови со кои можам да те опишам бате Гранде Горан Пандев“.
По 20 години, 37-годишниот Пандев заминува во заслужена пензија. И не можеше да посака поубав крај, од настап на едно Европско првенство со нашата репрезентација.