Од 9 до 11. август во Прилеп ќе се одржи PRILEP BEET WEEKEND, a oрганизатори и оваа година се EVENT GROUP.
Организаторите денеска на прес конференција ги соопштија дел од изведувачите кои ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.
Од тоа што е официјално познато досега во градот под Марковите Кули доаѓаат: музичките групи “Ван Гог”, “Амадеус Бенд” и “Супер хикс”, а покрај нив ќе настапат и: Сања Вучиќ, Наум Петрески и светски познат диџеј, за кого Маркукуле од свои извори дознава дека станува збор за Том Нови.
Сите изведувачи според организаторите ќе бидат познати во среда (24.07.).