Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија, го продолжи караванот за практична настава за климатски промени со еколошката училница на тркала – зелениот камион – во општина Кривогаштани.
Почнувајќи од 22. февруари до денес, еколошката училница на тркала посети девет основни училишта во Општина Прилеп и едуцираше повеќе од 1.300 ученици за климатските промени преку изведување на практични вежби и експерименти со примена на лабораториската опрема во камионот. До средина на април 2015 година, караванот ќе посети повеќе од 30 основни училишта во десетте општини каде што се спроведува проектот: Прилеп, Кривогаштани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Боговиње, Маврово Ростуше, Теарце и Студеничани.