Eколошка акција на УМС Прилеп по повод Светскиот ден на чистењето: Младите од ВМРО-ДПМНЕ го собрираа отпадот околу вештачкото езеро (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

По повод Светскиот ден на чистењето, Унијата на млади сили ширум Македонија организираше акција, преку која се чистеше ѓубрето во одредени места.

УМС Прилеп, се приклучи на оваа акција преку чистење на локацијата во близина на вештачкото езеро во Прилеп.

Нашиот град кој некогаш важеше за еден од најчистите градови во Македонија, мора да го задржи тој примат.

Преку овој ден е испратена порака дека свеста треба да работи кај сите нас, но и дека институциите треба успешно да ја извршуваат својата работа со цел да имаме чист град, затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.