Да се биде во добра форма не значи само да се биде спортист, туку е навистина важно сите да бидеме во добра форма, затоа што намалувањето на ризикот од срцеви болести оди рака под рака со другите заболувања.
Според истражувањето на научниците од Шпанија во кое учествувале 12.615 луѓе на возраст од 18 до 91 година, за кои постоел сомнеж дека постои опасност од заболување на коронарните артерии, формата игра главна улога во одржувањето на здравјето.
Учесниците биле подложени на тест на трака, за да се провери нивната реакција на стрес, каде оние испитаниците или оделе или трчале се до исцрпеност.
Резултатите од тестот се мерени во метаболитички еквиваленти (МЕТ). За добро да го изведат тестот учесниците морале да достигнат 10 МЕТ поени што е еднакво на искачување три или четири спратови без застанување.
Оние кои не успеале да го исполнат тестот, пет години подоцна имале слаб капацитет на физичка способност и имале три пати повеќе шанси да умрат од кардиоваскуларни болести, два пати повеќе шанси да починат од рак и други болести. Оние кои имале подобра форма биле заштитени.
Физичката активност и форма имаат големо влијание на крвниот притисок и липидите, а со самото тоа и на целиот кардиоваскулрен систем. Влијае и на намалувањето на воспаленијата, што е многу важно затоа што бројни воспалувања се причина за некои големи облици на канцер и срцеви заболувања.