Извадоци од полицискиот билтен на МВР
-На 06.03.2024 во 21.45 чaсот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола ги лишиле од слобода А.М.(40) и И.К.(55), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „нисан”, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 06.03.2024 во 15.50 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола. Тој бил затекнат во магацин на приватна фирма при извршување „тешка кражба“, при што кај него биле пронајдени повеќе одземени предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против Е.А. ќе следува соодветна пријава.