Почетокот на новата сезона во Супер лигата на Македонија во пинг-понг за прилепскиот суперлигаш “Младост 96” почна половично. Во првиот натпревар ППК “Младост 96” доживеа пораз од екипата на “Астраион” Струмица со резултат 4-2. Еднa победа извојува Александар Рикалоски и во игра на двојки Рикалоски и Стомнароски беа подобри од Митков и Стаменковски.
Во вториот натпревар “Младост 96” извојува победа над ППК “Рисови” во Скопје со резултат 4-3. Крајно неизвесен натпревар во кој две победи имаше Стомнароски и по една победа Александар Рикалоски и Златко Рикалоски. Во наредниот период до 12 Ноември треба да се одиграат и одложените натпревари и тоа со ППК “Младост” од 2 коло и со ППК “Шампиони” – Штип од 3 коло.
Во новата сезона системот на игра е променет. Се игра турнирски, сите екипи на едно место, и со нов формат на 4 добиени натпревари, во кој има и еден натпревар на игра на двојки.
На табелата со мaксимален ефект од 4 победи е екипата на “Вардар” од Скопје, пред Работнички со 3 победи и еден пораз токму од Вардар.