Горан Панев вчера по којзнае кој пат докажа дека неговата класа е вечна. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и донесе важни три бода на Џенова во битката за опстанок во италијанската Сериа А.
И тоа не беше само обичен погодок, туку мајсторија од 20 метри која значеше победа од 1:0 над Калјари.
После натпреварот една од најпознатите обложувалници во светот “Вилијам Хил” на Твитер напиша:
“Годината е 2050, Горан Пандев сеуште дава голови во Сериа А”.
The year is 2050.
Goran Pandev is still scoring goals in Serie A.#GenoaCagliari pic.twitter.com/WpC4YQnIq0
— William Hill (@WilliamHill) February 9, 2020
Во продолжение погледнете ја уште еднаш оваа мајсторија на “Гранде Пандев”: