К.С. командир на полициската станица во Општина Прилеп е уапсен по денешната голема полициска акција, во која била запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра, дознава МКД.мк.
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека оваа акција е спроведена заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.
Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полициja и Американската агенциja за бopба пpoтив нapкотици – ДЕА – информираше Спасовски.
Инфомакс.мк пак информираше дека, околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци била блокирана едната коловозна лента од страна на дваесетина полицајци во цивилна облека, со лента на рака. Биле запрени две возила, комбе и ауди.