Eден од најпознатите македонски доктори тврди: Пуканките се едни од најздравите грицки

Пуканките се меѓу најпопуларните „грицки” ширум светот, но помалку познат факт е и дека тие се и најздравите грицки. Тоа е така поради повеќе причини, а главната причина е нивниот состав кој претставува богат извор на хранливи материи што можат да бидат од корист за здравјeто, советува доктор Митов.

Но, често начинот на нивна подготовка кој подразбира додавање на различни типови масти и поголеми количества на шеќери и сол, прави тие да бидат сосема непожелни за потребите на организмот.
Затоа е важно пуканките да бидат подготвени на соодветен начин.
Овој начин ќе биде објаснет во продолжение. Значи, дали пуканките ќе бидат ,,здрави” или ,,нездрави”, ќе зависи од начинот на нивната подготовка.

Пуканките, во суштина претставуваат пченкарни зрна кои имаат специфично својство според кое пукаат и го шират волуменот, во присуство на зголемени температури. Причина за ова својство е присуството на ,,пакувана” вода во средината на зрното, која кога е изложена на високи температури, се шири и создава ,,експлозија” или пукање кое ни е очигледно. Пуканките се јаделе уште многу одамна, а низ времето добиваат на популарност пред сè поради ниската цена на чинење

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.