Eвропска Унија “мало cyтpa”: Угледниот германски вecник ни ги ypна сите надежи

Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во следната декада, пишува денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализа во која на површина излегува старата алтернатива- членство во Европската економска зона – пренесува “Инфомакс”

„Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е честопати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува. Во една Унија со 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по прашањето за односите на ЕУ со Русија“, пишува ФАЦ.

Од една страна, ЕУ не сака целосно да се одвои од балканското соседство, а од друга, преку Договорот за стабилизација и асоцијација веќе им понуди на земјите од регионот меѓу-скалило кон полноправно членство. Сега, кога според германскиот весник, е јасно дека од полноправното членство нема ништо, што би била алтернативата која, од „една страна би била реалистична, а од друга, би била доволно атрактивна за регионот“ за да се запрат автократските процеси, да се забрзаат реформските процеси или воопшто идејата да заживее?

„Рецептот, кој секогаш одново се споменува, гласи: Полноправно членство на балканските држави во Единствениот европски пазар. Со други зборови: целосно економско учество без право на политички збор“, наведува ФАЦ.

За овој концепт (кој за првпат беше изложен од Гералд Кнаус по француското вето во октомври 2019, н.з.) во меѓувреме се залага и долгогодишниот германски европратеник и член на претседателството на владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, Елмар Брок.

-повеќе на темата: Скопје се противи на алтернативи, но тие се веќе на масата на ЕУ

За него е разбирливо што повеќе нема ентузијазам за натамошно проширување на ЕУ.

„Францускиот претседател Макрон има право кога пред натамошното проширување бара реформа на ЕУ“, вели Брок за ФАЦ.

„Дури и на некоја балканска држава да и појде од рака да ги затвори преговорите согласно барањата на ЕУ, ратификацијата на членството во Европскиот парламент и во националните парламенти е малку веројатно. За очекување е дека секогаш одново одредени земји-членки ќе наоѓаат причини за одложување“.

Наместо такво „разочарување“, Брок предлага решение кое на луѓето во регионот ќе им донесе забележителни придобивки, а во истовреме ќе биде прифатено и од членките на ЕУ. Тоа испробано решение е „членството во Европската економска зона, ЕЕЗ”.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.