Eвропската комисија напиша дека Фон дер Лајен ќе се сретне со “северномакедонскиот” претседател и ќе зборува пред “северномакедонскиот” Парламент

Европската комисија (ЕК) објави дека претседателката Урсула фон дер Лајен утре треба да има состанок со, како што објавија тие, „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“.

Фон дер Лајен утре во 13 часот треба да има обраќање во парламентот на Македонија, кој за ЕК стана „северномакедонски парламент“, барем така пишува во нивната објава.

На ЕК им требаа околу 30 минути за да го повлечат твитот од социјалната мрежа.

Кратко време потоа го избришаа твитот и истиот беше променет со следниот:

Во нова објава од ЕК на Твитер стои дека Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот и премиерот на Северна Македонија и дека ќе се обрати пред Парламентот на Северна Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.