Eве колку ќе ве чини промената на документите со “северна”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера кажа дека следната 2024 година е рокот во кој што треба да се заменат личните документи поради промената на името на државата.

Промената на документите ќе чини поскапо од претходно поради зголемените цени на репроматеријалите, кажа Спасовски.

Замената на лична карта ќе ве чини 310 денари, додека возачка дозвола во редовна постапка чини 410 денари за образецот и 170 денари за административна такса, односно вкупно 390 денари.

Цената на пасошот за деца до 4 години чини 1.500 денари за образец и 100 денари за административна такса, додека за лица од 4 до 18 години ќе чини 1.500 денари за образец и 200 денари административна такса.

Доколку имате меѓу 18 и 27 години пасошот ќе ве чини 1.500 денари и 200 денари административна такса, додека лицата над 27 години за пасош ќе треба да платат 2.000 денари за образец плус 300 денари за административна такса.

Цените за замена на документите се објавени на официјалната страна на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.