Eве кои 10 работи не смеете да ги правите кога надвор сека: Гром може да удри и кога невремето е на 16км од вас!

grmljavina_800

Стравот од грмење го имаат многу луѓе, а често се случува да не знаеме точно како да се однесуваме кога надвор владее невреме. Затоа, многу е важно да се придржувате кон овие совети кои ви ги пренесуваме.

1.Кога ќе слушнете гром, веќе сте во опасност. Гром може да удри и кога невремето е 16км оддалечено од вас

2.Никако не барајте засолниште под дрво, особено ако дрвото е осамено

3.Ако сте дома и знаете дека се подготвува невреме, затворете ги вратите и прозорците, исклучете ги електричните апарати, особено оние кои во моментот не ви се потребни: бојлер, ТВ…

4.Ако сте во автомобил, не плашете се од громови, ако сте во затворен објект, тука и останете до престанокот на невремето

5.Покријте ги ушите со рацете, за да ги заштитите тапанчињата, доколку сте надвор

6.Ако сте на отворено, никако немојте да лежите на земја, затоа што тогаш целата површина на телото би била во контакт со тлото. Оваа површина мора да биде што помала. Подобра положба е да клекнете со главате сокриена помеѓу нозете. Во ваква положба избегнувајте косата да ви го допира тлото. Ако невремето е во тек, никако немојте да поправате делови од вашата куќа

7.Чувајте се од улични поплави

8.Избегнувајте користење на метални предмети, затоа што тие се одлични проводници на електрична енергија

9.Ако ловите риби, веднаш оставете ја трската и што побрзо излезете од чамецот

10. Избегнувајте срушени или оштетени столбови, бандери, далеководи, трафостаници и останати објекти кои служат за пренос на електрична енергија. Никогаш немојте да допирате кабли или било која метална или бакарна жица кои се оштетени.

 

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.