Eве кои се добитниците на 3-то Ноемвриска награда во Општина Прилеп: Честитки од редакцијата на Маркукуле

14877868_10209479855064753_948795230_n

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски пранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски.

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.