Со попуштање на мерките воведени поради пандемиjaта кopoнавиpyc, земјите на ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде може да се оди на одмор.
Грчките граници повторно ќе се отворат на 15. јуни, но само за граѓаните од Германија, Кипар, Израел, Балканот и балтичките земји. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест на ковид-19 или задолжителен карантин кога меѓународните летови повторно ќе започнат на 1. јули, пренесув Јуроњуз.
Бугарија најавила отворање на границите со Србија и Грција од 1. јуни.
Хрватска повторно ги отворила своите граници со Словенија на средината на мај, а на 29. мај би требало истото да го направи Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.
Унгарија ги отвори границите со Романија, а од среда се отвора и границата со Словачка и Чешка, но со ограничување.
Шпанија повторно ќе ги отвори границите за туристите на 1. јули.
Француските граници остануваат затворени најмалку до 15. јуни, освен за граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Франција, сезонските работници и граѓаните на ЕУ кои работат во Франција.
Во Германија проверки на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска и за патници кои доаѓаат со авион од Италија и Шпанија остануваат на сила до 15 јуни.
Границите на Велика Британија се во моментов отворени. Од 8. јуни посетителите од странство ќе седат во карантин до 14 дена.
Австрија планира во целост да ги отвори границите со Германија и Австрија, а од 27. мај со Словачка и Унгарија, но со ограничувања.
Холандските граници се отворени за оние кои патуваат во шенген просторот, но се советува избегнување на сите патувања кои не се неопходни. Белгиските граници остануваат затворени.