За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно, суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во местата со магла и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска.
И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.
Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места и на скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.